Сите работи кои беа досега искажани за компјутерите, а од кои сигурно добивте претстава дека се работи за многу моќни уреди, со голем број примени и можности за користење различни хардверски компоненти, не би биле точни, доколку не постои програмска опрема. Без неа хардверот е обична машина која не е во состојба да го направи ни првиот чекор: да се вклучи со едноставно притискање на копчето да вклучување. Програмскиот дел му дава "душа" на хардверот и само со него има смисла зборот. Сите програми што ги извршува компјутерот со нарукуваат програмски дел (програмска опрема) на компјутерот или софтвер.
Програмската опрама се дели на:
-системска програмска опрема
-апликативна (корисничка) програмска опрема
Системска програмска опрема
Системската програмска опрема ја сочинуваат програми за работа на компјутерот што ја управуваат и контролираат машинската опрема и управуваат со други програми. Тоа се: oперативен систем, контролни програми и услужни програми.
Оперативен систем
Оперативниот систем е програма (т.е повеќе програми) што мора да ја има секој персонален компјутер. Оперативниот систем ја остварува врската помеѓу корисникот и компјутерот.Тој мѕ овозможува на корисникот едноставно да управува и да го користи компјутерот. Постојат различни оперативни системи а за персоналните компјутери најпознати се: диск=оперативниот систем-ДОС, Windows, Windows-Xp, Windows95, Windows NT , Windows 2000.
Контролни програми
Контролните програми служат за управување на хардверот.
Услужни програми
Услужните програми ја олеснуваат работата на корисниците, а се користат за оперирање со компјутерот,како негово дотерување и тестирање, поставување работни параметри, компресија на податоците, правење резервни копии на дневно работење и др. Овие програми се познати под името програмски алатки (tools). Најпознати услужни прогами се: PC, Tools, WinZip, NortonAntivirus и други.
Aпликативни програми
Апликативните (корисничките) програми се користат за извршување на некоја одредена - апликација (т.е решавање на некој одреден проблем). За нивно користење не е потребно да се знае програмирањето. Апликативните програми според областа на примена се делат на:
*Уредувачи на текст ( Word)
*табеларни пресметувања (Excel)
*Интернет сервиси (internet explorer, outlook express) и др.
Постојат апликативни програми кои служат и за расонода (компјутерски игри), образование, пребарување мултимедијални податоци и друго.