Хардвер е програмскиот дел на компјутерот.
И се дели на три основни компоненти:
-Централна единица (системска единица)
-Периферни (влезни, излезни и влезно излезни единици)
-Единици за надворешна меморија.
Централна единица
Централната единица е сместена во лимена кутија наречена куќиште.
На предната страна од куќиштето е копшето за влклучување/исклучување на компјутерот, копчето за ресетирање, различни светлосни индикаори, како и отворите за дискетна единица и единицата за компакт диск.
Основни компоненти на централната единица се: процесорот, централнта меморија(внатрешната меморија), разни електронски кола, разни комуникациски приклучоци и други компоненти, поврзани помеѓу себе со магистрали.
Процесор
Во процесорот се врши обработка на податоци. Процесорот ги прима податоците внесени преку влезните единици и единиците за надворешна меморија, ги обработува со соодведни програми и ги испраќа на излезните единици.
Централна меморија
Основната функција на централната (внатрешната) меморија е чување на програмите и податоците во текот на работата на компјутерот. Меморијата е оформена од основни мемориски елементи наречени бајти. Во секој бајт може да се мемоира (регистрира, запамети) еден знак (буква, цифра или специјален знак). Со развојот на компјутерите капацитетите на мемориите постојано се зголемувале на капацитетот на меморијата се изразува во килобајти ( 1=1024 бајти) , мегабајти ( 1 МB= 1024 KB), гигабајти ( 1GB=1024MB), терабајти (1TB=1024Gb). Денес капацитетите на централните мемории се мерат во мегабајти и се движат од неколку 10-ци до неколку 100-ци мегабајти.
Магистрали
Магистралите се многу важни елементи во компјутерите, бидејќи преку нив се поврзани и разменуваат податоци најбитните компоненти на компјутерот. Магистралата може да се замисли како одреден број линии (жички) што ги поврзуваат компонентите на компјутерот.
Периферни единици
Човекот комуницира со компјутерот преку посебни уреди познати како периферни уреди (влезни, излезни и влезно-излезни единици).
Приклучоците за поврзување на овие периферни уреди најчесто се од задната страна на куќиштето. Два типични приклучока се сериски приклучок за прклучување печатач, скенер и диск единица.
Влезни единици
Преку влезните единици корисникот ги внесува информациите во компјутерот: програми, податоци, наредби и слично. Поважни влезни единици се: тастатура, глубче, скенер, светлосно перо, трекбол, палка и др.
Излезни единици
Излезните единици имаат обратна задача од влезните единици. Преку нив компјутерот ги соопштува на корисникот резултатите од извршената обработка. Поважни излезни единици се: монитор, печатач и звучник.
Влезно-излезни единици
Периферните единици преку кои се внесуваат влезните податоци и на кои се добиаат излезните податоци се нарекуваат влезно излезни едници. Една од најкорисните влезно излезни единици е модемот. Модемот е уред кој мора да го има вашиот компјутер доколку сакате да приклучите интернет. Модемот преку телефонската линија го поврзува компјутерот со други оддаленечени компјутери.
Надворешна меморија
Надворешните мемории се уреди кои долготрајно ги чуваат податоците. Појавата на надворешните мемории била наменета од неможноста централната меморија да ги чува податоците и по исклучувањето на компјутерот од електрично напојување. Во продолжение ќе се задржиме на некои надворешни мемории.
Магнетен диск
Магнетен диск (тврд диск) се состои од неколку кружни плочи поставени на заедничка оска и прекриени со специјална материја (метален оксид) на кои со помош на магнетни глави се меморираат или исчистуваат податоци. Плочите брзо ротираат цело време додека работи компјутерот. Централната конструкција на единицата на тврд диск е херметички затворена. Вообичаено тврдиот диск е сместен во внатрешноста на куќиштето.
Магнетна дискета
Магнетна дискета- Дискета е кружна намагнетизарана плоча, сместена во пластична футрола, на која има отвор преку кој со помош на вградени магнетни глави во дискетната единица, се врши читање и запишување на податоци. Дискетата се става во дискетната единица преку посебен отвор (вратичка), кој најчесто се наоѓа на предната страна од куќиштето.
Компакт диск ( CD )
Се користи како надворешна меморија на која се сместени големи количества податоци ( 650 MB-2G ). Компакт дисковите денес имаат огромна примена за складирање мултимедијалните податоци (слики, видео, аудио). Можат да соджрат цели енциклопедии, реченици, атласи, програмски пакети и друго.