Delcevo Forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Delcevo Forum

Best Forum
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Новости од светот и кај нас

Go down 
+2
Aleksandar
Dark_[T]_X
6 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2
АвторПорака
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X


Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас - Page 2 Icon_minitimeСре 6 Фед 2008 - 3:23

Естонците ќе пеат на српски
Февруари 6, 2008


Естонските претставници на изборот за Песна на Евровизија, во мај во Белград ќе настапат со песна на српски јазик. Песната се вика "Лето свет" и е во изведба на групата "Креисирадио". Песната содржи и зборови на естонски и германски, а ќе ја претставува Естонија во првото полуфинале на 20 мај.

Првиот стих на српски гласи "Кој сум?, Сметка молам, Ми снема плин, плин", а другиот "Два дупли, Добош торта..." Рефренот, пак, гласи "Лето свет, ете лето свет... по што следува "Компир, крушка, кромид, јастог, тоа е доста."

Естонците годинава за првпат ќе се натпреваруваат со песна која не е на естонски или англиски јазик. Естонија својот претставник за Евровизија го избра на натпреварот Еуролаул, во организација на ТВ Естонија.
Вратете се на почетокот Go down
kucka
Зависник
kucka


Број на мислења : 240
Age : 39
Location : Moon Kingdom - Earth
Registration date : 2008-01-03

Новости од светот и кај нас - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас - Page 2 Icon_minitimeСре 6 Фед 2008 - 5:05

И многу е глупа песната No
Вратете се на почетокот Go down
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X


Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас - Page 2 Icon_minitimeПет 8 Фед 2008 - 16:26

Евровизија да се посвети на ТОШЕ ?!!!
Февруари 8, 2008


Откако падна одлуката Беовизија да мине во знакот на Тоше Проески и се покрена иницијатива за него да се зборува во шоуто на популарната Опра, следува нова идеја. Еврофановите покренуваат иницијатива на Тоше да му се оддаде почит и на годинешното издание на Евросонг. До одговорните луѓе, како и до претседателот на ЕБУ, Сванте Стокселиус веќе е упатена петиција со барање на една од трите евровизиски вечери, што во мај ќе се одржат во Белград, да има и шоу посветено на овој легендарен пејач, кој во 2004 година настапи на изборот со песната "Лајф"("Ангел си ти") и го освои 14. место. На петицијата, до која ве води линкот http://www.petitiononline.com/tose1/petition.html, задолжително треба да се потпишете со полно име и презиме, за вашиот потпис да биде валиден.

Во писмото кое е испратено до ЕБУ, меѓу другото, напишано за Тоше се вели: "Неговиот талент и неговиот глас што ги украде срцата на Македонците беше откриен пред да наполни 18 години. Набрзо стана голема ѕвезда во секоја република од поранешна Југославија. Зад себе остави многу повеќе хуманитарни концерти од која и да било друга ѕвезда. Доби и награда Мајка Тереза. Во 2004 беше прогласен за амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ... Постхумно Владата на РМ го прогласи за почесен граѓанин на Македонија... Ако можете да посветите шоу во негова чест, тоа многу би им значело на неговите фанови низ светот. Ви благодариме што правите неговиот сон да стане стварност!".

Освен ова, доаѓа уште една информација поврзана со Тоше. Од понеделник во Словенија во продажба ќе најдат две ДВД-изданија. Едното ги содржи концертите одржани на Градски стадион во 2004 и 2006 година, а на другото двојно ќе го има оној од Белградска арена, како и еден куп бонус материјали, меѓу кои и спотот за темата "Моја" што Тоше ја отпеа на словенечки.
Вратете се на почетокот Go down
Aleksandar
Admin
Aleksandar


Број на мислења : 288
Age : 40
Location : Најверојатно Дома...
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас - Page 2 Icon_minitimeСаб 9 Фед 2008 - 17:13

kucka напиша:
И многу е глупа песната No



Ама тато или мама се у министерство lol!
Вратете се на почетокот Go down
http://HostingMacedonia.com
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X


Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас - Page 2 Icon_minitimeВто 12 Фед 2008 - 5:17

Необјавен спот на ТОШЕ !
Февруари 12, 2008


Спотот снимен во 2003 година, за третиот по ред албум на Тоше Проески – Ако ме погледнеш во очи со истоимената композиција но овој пат на хрватски јазик, можете да го погледнете, а наскоро ке може и да го симнете, преку нашата DOWNLOAD секција.
Благодарение на “Del Rio Films” ќе имате можност да го погледнете и ова видео издание кое навидум изгледа исто како македонската верзија на спотот , но сепак има поинакви кадри во монтажата , покрај видео спотот има секција и грешки за време на снимањето...
Вратете се на почетокот Go down
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X


Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас - Page 2 Icon_minitimeВто 12 Фед 2008 - 5:20

http://obichniluge.com.mk/delriotosesceni.html


Tuka mozete da vidite sceni od snimanjeto na Spotot Ako Me Poglednes Vo Oci.
Вратете се на почетокот Go down
Satchmata
Почетник



Број на мислења : 11
Registration date : 2008-01-11

Новости од светот и кај нас - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас - Page 2 Icon_minitimeВто 12 Фед 2008 - 22:27

Настап на:

Nikola Kunich Club Diamond - Радовиш

Петок 15.02.2008

about Kunich>
http://profile.myspace.com/index.cfm?fuseaction=user.viewprofile&friendid=117660643
Вратете се на почетокот Go down
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X


Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас - Page 2 Icon_minitimeСре 13 Фед 2008 - 2:00

Тоше живее во песните
Февруари 13, 2008


Без непотребни зборови и без за многумина очекуваните случувања на класичните средби со седмата сила, се случи промоцијата на новото издание на Тоше Проески - ДВД-то со концертот од белградска "Арена". Единствениот човек кој требаше нешто да каже веќе не е со нас, па оттука се кажано би било одвишно.

"Тој остави многу дела што уште долго ќе говорат за него. Ова ДВД е посебно, затоа што нему концертот во белградска "Арена" му беше најзначајниот вон границите на Македонија. Концертот беше одлика на неговиот патриотизам и се она што беше Тоше. Се заблагодаруваме на ТВ "Пинк" за прекрасно снимениот материјал, како и на "Хит Рекордс" од Загреб за отстапените материјали од Хрватскиот радиски фестивал на Хвар и промоцијата на албумот "Игра без граница" во Творница - Загреб, со кои го дополнивме изданието со нумери од последниот албум. Благодарност и до ТВ "Паприка" за монтажата на нумерата "Моја", испеана на словенечки јазик", се вели во соопштението од матичната продукција на Тоше, "Аворд ентертејмент" од каде заедно со неговиот менаџмент и семејството Проески уште еднаш упатија благодарност до сите, особено до медиумите за достоинствената поддршка и несебичното учество во зачувувањето на ликот и делото на Тоше Проески.

Изданието снимено на концертот одржан на Денот на вљубените пред една година, во Македонија се продава преку дистрибутивната мрежа на "Носталгија рекордс", а освен кај нас веќе го има и во Словенија и Хрватска.Новости од светот и кај нас - Page 2 V73924p2
Вратете се на почетокот Go down
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X


Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас - Page 2 Icon_minitimeЧет 14 Фед 2008 - 18:14

Скандалозен албум со сликички од несреќата и погребот на Тоше
Февруари 14, 2008


Деновиве во БиХ е пуштен во продажба албум со самолепливи сликички на Тоше Проески, во кој меѓу другите поглавја се сместени и два дела - од погребот и од автомобилската несреќа на трагично загинатиот пејач.
Скандалозниот албум ја згрози целата балканска јавност. Обидите за заработувачка врз трагедијата на македонската и балканската ѕвезда очигледно не познаваат граници и деновиве го достигнаа максимумот. Освен што уредникот на изданието не прашал никого за авторски права, самоволно решил да стави и поглавја во кои децата собираат крвави фотографии и потресни слики од погребот во Крушево.

„Не барав авторски права. Никого не контактиравме, ниту, пак, сметам дека има потреба за тоа. Таков е пазарот и досега никој не се бунел“, изјави за ТВ Хајат уредникот на албумот Жељко Бошњак. Тој вели дека фактот што ги вика децата да собираат слики од трагедијата е грешка, но останува на својот став кога е во прашање крадење на ликот и делото на Тоше Проески. „Тоа е албум направен за деца. Можеби можев да го исфрлам тој дел, но сега е доцна. Можеби сум направил грешка, но ете!“

За ситуацијата да биде уште полоша, уредникот во воведникот им порачува на децата: „Да се надеваме дека убаво ќе се забавувате додека ги собирате сликичките“. Идејата, како што вели, ја добил од четиригодишната ќеркичка, која постојано го прашувала: „Тато, кога ќе објавиш нешто за девојчиња?“

Менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, веќе најави тужба и се надева на брза судска реакција со која ќе се забрани продажба на скандалозниот албум.
Вратете се на почетокот Go down
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X


Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас - Page 2 Icon_minitimeПет 15 Фед 2008 - 2:53

Вратете се на почетокот Go down
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X


Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас - Page 2 Icon_minitimeСаб 16 Фед 2008 - 3:46

Награда за животно дело за Тоше
Февруари 16, 2008


На претстојната Беовизија, што ќе се одржи на 19 и 20 февруари во Сава центар, на Тоше Проески постхумно ќе му биде доделена награда за животно дело. Покрај веќе традиционалните годишни музички награди, што се доделуваат на фестивалот од годинава, ќе биде востановена и посебната за животно дело што прв, постхумно, ќе ја добие трагичнозагинатиот победник на првата Беовизија. На Тоше, всушност, и ќе му биде посветено годинешното издание на фестивалот. Во негова чест, вечерта кога ќе биде доделена наградата, неговиот бенд ќе изведе инструментални верзии на неколку неговите композиции.

Во првата полуфинална вечер ќе бидат изведени дваесет нумери, а десет од нив ќе се најдат во финалето на 20 февруари. Меѓу пејачите кои ќе влезат во евровизиската трка се споменуваат Јелена Томашевиќ, групата Зана, Цвета Мајтановиќ...
Вратете се на почетокот Go down
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X


Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас - Page 2 Icon_minitimeСаб 16 Фед 2008 - 3:56

Моментално Македонија се наоѓа на високата 5-та позиција во светот по број на кликања на страната www.clickclickclick.com .Овој натпревар во кликање трае подолго време и кликачите веќе ја надминуваат бројката од 4.500.000 клика, која секако треба и понатаму да се зголемува за да се подобри местопозицијата на нашата земја. Доколку ви е досадно и немате што да правите, помогнете во достигнувањето на повисоко место на овој натпревар на кој веќе добро котираме и кликајте.Ако се изморите од кликање можете да ги користите опциите за автоматско кликање или турбо кликање, кои ќе ви бидат достапни по 20-от или по 81-от клик. Исто така оние кои се надвор од Македонија ,а сакаат да кликаат за неа можат да ја изберат земјата од листата на држави (Change country) која е достапна под резултатот (TOTAL) на државата во која


Nogu e Jako videte
Вратете се на почетокот Go down
[[kicX]]
Напреден член
[[kicX]]


Број на мислења : 98
Registration date : 2008-01-02

Новости од светот и кај нас - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас - Page 2 Icon_minitimeПон 3 Мар 2008 - 16:33

ДЕЛЧЕВО


Хакер на диво" си ја полнел мобилната телефонска сметка


Дваесет и едногодишен делчевски хакер Б.А, повеќе месеци наназад од интерент кафе, крадел припејд импулси од Ти Мобиле", и си ги префрлал на своја сметка и на сметките на пријателите



Дваесет и едногодишен делчевски хакер Б.А., повеќе месеци наназад од интернет кафе, крадел припејд импулси од Ти Мобиле, и си ги префрлал на своја сметка и на сметките на своите пријатели, информират од МВР.
Делчевецот откако бил пронајден и идентификуван е повикан на разговор во полициска станица, а вчера добил кривична пријава за неовластено влегување во компјутерски системи.
Според информациите до кои стигнала полицијата, хакерот Б.А, во период од 28 мај до 4 јуни, успеал да испразни над 7.000 денари, телефонски кредит кој го префрлал на броевите на своите познати и на себе.
Тој, пазарувајќи во локалната продавница Европа" ја запамтил лиценциранта шифра, на апаратот за автоматско надополнување на кредит. Потоа тој заминал во интернет-кафето во сопственост на Г.А, и оттаму во многу наврати ги полнел сметките на телефоните. Откако бил пронајден, бил приведен и му била поднесена кривична пријава.
Новите времиња носат нови видови на криминал. Прво доаѓаат колите, потоа следат крадците на коли. Сега имаме компјутери, а за нив хакери. Телефоните се следени од телефонските измами.
Освен овој тип на измами и криминал, злонамерните хакери се свртеа кон мрежните телефонски системи во својот нов начин за измама луѓето да ги остават своите лични податоци. Безбедносните фирми идентификуваа неколку измами кога мрежните телефонски системи беа користени за да се уловат потенцијални жртви. Досега, многу малку луѓе се уапсени, но фирмите за безбедност очекуваат бројот на овие измами да порасне.
Всушност, овие криминалци ги користат мрежните телефонски системи, освен во класичната варијанта како делчевскиот пример, некои тоа го чинат за да направат нивните недела да изгледаат легитимно и да ги убедат жртвите да дадат корисни податоци како број од кредитната картичка, сметки од банка или лични информации. Криминалците се претставуваат како банки или други финансиски институции, но ја користат технологијата воип (Воис овер ИП). При повикување на бројот корисникот слуша снимен глас, кој од него бара да го внесе бројот на својата сметка преку копчињата на телефонот.
Антивирусните фирми наидуваат на криминални дејства врз електронска пошта или телефонски повици што се насочени кон услугата за мрежно плаќање пејпалл, што од луѓето бара повторно да телефонираат за да ги потврдат информациите што ги внеле за својата сметка. Потоа, постојат и уште пософистицирани измами, каде што криминалците ги програмирале компјутерите да избираат долга листа на телефонски броеви и на секој што ќе одговори, му пуштаат снимена порака.
Пораката предупредува дека кредитната картичка нелегално се користи и бараат корисникот да го внесе својот број.
Фирмите за безбедност стравуваат дека ваквите измами ќе станат чести, бидејќи многу е лесно при мрежните повици да се прикрие бројот на повикувачот.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9C4A530EE24B614F9A51BE01640B05C9
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Новости од светот и кај нас - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас - Page 2 Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Новости од светот и кај нас
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 2Отиди на страна : Previous  1, 2

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Delcevo Forum :: Забава :: Друго-
Отиди до: